2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Швајцарскиот раст ќе изнесува два проценти

ММФ: Швајцарскиот раст ќе изнесува два проценти

shvajcarijabernjdbn2379gtrf7932g

Швајцарија оваа година би требало да забележи економски раст од два проценти, очекува ММФ.

Меѓународниот монетарен фонд ја поддржува економската политика на Швајцарија која во оваа година би требало да забележи економски раст од два проценти пред се благодарение на извозот, соопшти Министерството за финансии.

Перспективите за економскиот раст на Швајцарија се добри, а финансискиот и монетарниот сектор се стабилни, се наведува во годишниот извештај на ММФ.

ММФ и препорача на Швајцарија да го задржи сегашниот курс на франкот во однос на еврото.

Во извештајот, исто така се дава препорака до владата во Берн да продолжи со намалувањето на долгот на големите банки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП