2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабрзан одливот на капитал од Русија

Забрзан одливот на капитал од Русија

Russia Daily Life

Одливот на капитал од Русија е забрзан во првиот квартал оваа година достигнувајќи поголема вредност во споредба со цела 2013 година, велат од Министерството за економија во Москва.

Во Русија во првиот квартал од оваа година излегол капитал во вредност од 65 до 70 милијарди долари поради случувањата на Крим, изјави заменик министерот за економија Андреј Клепач.

„Заладувањето на односите со западот изгледа дека има големо негативно влијание на економскиот раст и игра важна улога во одливот на капитал“, нагласи заменик министерот.

Влезот и излезот на капиталот се показатели кои внимателно се следени од економските аналитичари кои врз основа на тоа ја проценуваат економската клима во некоја земја.

Нето одливот на приватниот капитал од Русија минатата година е зголемен за 15 проценти на 62,7 милијарди долари, покажуваат податоците на Централната банка на Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП