28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемјите од Г-7 подготвени да ги зајакнат санкциите кон Русија

Земјите од Г-7 подготвени да ги зајакнат санкциите кон Русија

harper

Земјите од Г-7 ја предупредија Русија дека се подготвени да ги зајакнат санкциите кон неа во случај на ескалација на состојбата во Украина, се наведува во соопштението објавено по завршувањето на вонредната средба на високо ниво на Г-7 во Хаг.

Потврдувајќи ја одлуката да не учествуваат на средбата на високо ниво на Г-8 во рускиот град Сочи, овие земји предупредија дека ќе воведат „координирани санкции за одделни сектори, кои ќе имаат се поголеми последици за руската економија доколку Москва ја продолжи оваа ескалација“.

Г-7 планира во јуни да одржи средба на високо ниво во Брисел, а не како што беше предвидено во форматот Г-8 во Сочи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП