2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на германскиот приватен сектор забави во март

Растот на германскиот приватен сектор забави во март

germanijanu3hgr7gf

Деловната активност на германскиот пазар во март забави, па индексите на менаџерите за набавка (ПМИ) се пониски од првично очекуваните, покажува анкетата на истражувачката компанија Маркит.

Кумулативниот индекс ПМИ за индустријата и услугите е намален на 55,0 поени, откако претходниот месец достигна највисоко ниво за последните две ипол години (56,4 поени), пренесува Ројтерс.

Иако е над границата од 50 поени, која го одделува растот од падот вредноста на овој индекс сепак се наоѓа на најниското ниво од декември минатата година. Ова е единаесети послeдователен месец во кој ПМИ за германската економска активност се наоѓа во зоната на растот, односнo над 50 поени.

Подиндексот за индустријата е намален на 53,8 поени, додека во февруари изнесуваше 54,8 така што се најде на најниското ниво за последните четири месеци и воедно е и под очекувањата на аналитичарите (54,6 поени).

Во услужната дејност овој показател имаше вредност од 54,0 поени, по 55,9 поени кои беа забележани во февруари, додека аналитичарите очекуваа 55,5 поени.

За првиот квартал од 2014 година Маркит предвидува раст на германската економија од 0,7 проценти, по 0,4 процентниот раст во четвртиот квартал од 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП