3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Србија половина од младите без работа, не го продолжуваат ниту школувањето

Во Србија половина од младите без работа, не го продолжуваат ниту школувањето

belgrad

Речиси половина од младите во Србија од 15 до 24 години се без работа, а во оваа популација, 25,1 отсто од нив, освен што се невработени, не го продолжуваат ниту школувањето, ниту се на некоја обука, изјави денеска помошникот министер за млади и спорт Снежана Клашња.

Клашња на форумот „Кариера по мерка на младите“, порача дека просекот во ЕУ на млади кои не го продолжиле школувањето, ниту се на некоја обука, а се невработени, е 13 отсто.

– Еден од основните проблеми на младите сигурно е невработеноста, а во Србија тие се 49,7 отсто. Во ЕУ невработени се околу 23 отсто од млади на возраст од 15 до 24 години, рече таа.

Таа порача дека кариерното водење на младите и советувањето е од исклучително значење, и дека Министерството за млади и спорт низ бројни проекти со разни организации, се обидува да ги зајакне механизмите за кариерно водење на младите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП