Иако се очекуваше сите правни работи да бидат завршени во текот на првото тромесечие од оваа година, од „Nokiа“ сега известија дека продажбата на нивниот оддел „Devices & Services“ на „Microsoft“ ќе биде завршена дури во април.
Досега компаниите ги добија сите потребни одобренија, меѓу кои и оние од Европската комисија и Министерството за правда на САД. Но како главна причина за одложувањето на финализирањето на договорот на оваа голема бизнис трансакција се споменува чекањето на неколкуте одобренија од регулаторните тела од азиските земји.
Во двете компании и натаму се уверени дека со привршувањето на крајот на оваа аквизиција вредна 7,2 милијарди долари нема да имаат никаков проблем, туку ќе заврши во најкраток можен рок.