2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтуденти ќе изработуваат бизнис планови за енергетска ефикасност

Студенти ќе изработуваат бизнис планови за енергетска ефикасност

saracinniPress

Студентите на економските и техничките факултети од денеска до 10 април може да се пријавуваат на конкурсот за изработка на најдобар бизнис план за енергетска ефикасност што е објавен на веб-странцата www.energetskaazbuka.mk.

Пријавувањето за учество на натпреварот, кој е дел од активностите во рамките на Програмата за енергетска ефикасност, организирана од Министерството за економија и ЕВН Македонија, е во форма на тимови од минимум две и максимум шест лица.

Пристигнатите трудови ќе ги разгледува стручна комисија, а најдобрите три проекти ќе добијат парични награди во износ од 30.000, 18.000 и 9.000 денари. За пријавените студенти ќе се организира и кратка обука од стручни лица за критериумите за изработка на бизнис планот.

За реализација на натпреварот за најдобар бизнис план, се вклучија тимот на Енергетска азбука и студентските организации IASTE и AIESEC кои ќе дадат техничка и логистичка поддршка за реализација на овој проект.

– Денеска во рамките на Платформата за енергетска ефикасност промовираме концепт во кој ги вклучуваме студентите кои треба да изработат бизнис план за проект за енергетска ефикасност. Целта ни е да добиеме нови идеи од страна на студентите како подобро да се искористат мерките за енергетска ефикансонст, рече министерот за економија Ваљон Сарачини на денешната прес-конференција.

Тој појасни дека Министерството за економија во последните две години реализирало неколку значајни проекти за подобрување на енергетската ефикасност во Македонија.

Потсети дека преку проектот со Светка банка вреден четири милиони долари  вопоследнивдве години е подобрена енергетската ефикасност на 42 училишни објекти во 15 општини. На тој начин, посочи, реконстурираните училишта имаат заштеди по 35 до 50.000 долари годишно за задоволување на енергетските потреби.

Во моментов, како што кажа, на македонските компании им се достапни и 75 милиони евра од кредитната линија на ЕБОР наменета за подобрување на енергетската ефикасност во Западен Балкан.

– Многу наши компании и општини веќе почнаа годинава да конкурираат за оваа програма. Токму енергетската ефикасност е клучна за зголемување на конкурентноста на компаниите на домашните и странските пазари, но и за подобрување на продуктивноста и оптимизацијата на трошоците, рече Сарачини.

Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Вернер Хенгст посочи дека ЕВН Македонија досега спровела многу прграми за вработување, особено за младите луѓе, но оти се уште постои јаз меѓу она што го нуди образованието и потребите на реалниот сектор.

– Како енергетска компанија ние работиме интензивно на примената на енергетската ефикасност, особено во реалниот сектор. Но, за да имаме поголема практична примена неопходна е едукација, особено кај најмладите кои во иднина ќе бидат носители на развојот во економијата. Затоа овој натпревар е важен, бидејќи ќе отвори една нова димензија на размислување која треба да стане редовна пракса во следниот период, рече Хенгст.

Платформата за енергетска ефикасност Министерството за економија и ЕВН Македонија ја започнаа во 2012 година, а нејзината цел беше подигнување на свеста и примената на енергетската ефикасност во реалниот сектор.

Досега преку платформата се спроведени обуки за преку 200 компании како е најдобро да се имплементираат мерки за енергетска ефикасност и да се најдат средства за нејзино спроведување. Дури 30 отсто од компаниите кои биле на обуките веќе почнаа да ги имплементираат мерките за енергетска ефикасност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП