3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Крим започна официјалната употреба на руската рубља

Во Крим започна официјалната употреба на руската рубља

rublja

Во Крим денес започна официјалната употреба на руската рубља, пренесува агенцијата Итар тас. Во националната валута на Русија се пресметуваат сите плаќања, доколку едната страна е резидент на Русија.

Некои објекти, меѓу кои хотели и ресторани, започнаа да ја примаат рубљата и пред 24 март. Во продавниците на Крим се појавија двојни цени, во рубљи и во гривни, по утврдениот курс од 3,8 рубљи за една гривна.

Двојните цени особено се присутни кај стоката чија вредност изнесува над 1.000 гривни (95 долари). Во согласност со законот за спојување на Крим со Русија, како валута на терторијата на оваа република и градот Севастопол, утврдена е руската рубља.

До 1 јануари 2016 година ќе биде дозволена употребата на националната валута на Украина – гривната.

По овој датум, рубљата ќе стане единствена законска валута на полуостровот Крим, потсетува Итар тас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП