27 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПрестижен ресторан во Лондон (фото)

Престижен ресторан во Лондон (фото)

rest1

Лондонското дизајнерско студио „Blacksheep“ го дизајнираше луксузниот проект „Lanes of London“…

Ресторан и бар, кои официјално се отворени на 17 јануари, инспирирани се од својата живописна околина. Од еклектичното „Portobelo“ кафуле до егзотичната аура на „Edward Road“, во комбинација со одредена доза на старомодно британско наследство, „Lanes od London“ проектот на единствен начин го претставува големото културно наследство и идентитен кои ги поседува овој град. „Blacksheep“ студиото учествувало во целиот луксузен концепт на овој проект, од креирање на самиот идентитет на овој ресторан, па до кулинарските насоки и менија, како и во дизајнирањето на ентериерот.

Дизајнерскиот тим ја започна работата на овој луксузен проект креирајќи визуелен идентитет на самиот бренд, со цел да се искористат најдобрите елементи на локацијата како и потеклото на градбата, бидејќи се работи за вила која во далечната 1800-тата година ја дизајнирал Франк Верити. Посетителите и минувачите на оваа локација можат да уживаат во погледот преку големите прозорци и величенствениот влез кој е обележан со грб и знаме. Сите овие елементи и додаваат убавина на веќе луксузната и посакувана локација.

Материјалите кои се користени при дизајнирање на овој проект, бирани се со цел да се нагласи славното наследство на зградата. Користени се огледала, дрвени панели со украси од месинг и величенствени дрвени подови. Уметничките дела на новите уметници и старомодните хумористични карикатури креираат контраст, односно мешавина на стариот амбиент со новиот луксузен концепт.

rest2

rest3

rest4

rest5

rest6

rest7

rest8

rest9

rest10

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП