6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBlackBerry го распродава имотот во Канада

BlackBerry го распродава имотот во Канада

kanada black berzzyyy

Компанијата „Blackberry“ беше принудена да продаде поголем дел од својот недвижен имот во Канада, за да може да собере средства за претстојниот план за реконструкција на компанијата. Покрај недвижностите ќе бидат продадени и 278.709 метри квадратни празен простор без недвижности.

Некои од трансакциите ќе бидат конечни до месец мај. Канада и недвижностите во оваа земја беа рбетот на компанијата „Blackberry“ oд нејзиниот почеток во 1984-та година.

Неофицијални извори претпоставуваат дека компанијата „Blackberry“ со оваа продажба би можела да добие околу 491 милион долари што е пресметано според вредноста по која се продаваат недвижностите.

За да ги намали трошоците, „Blackberry“ производството на своите уреди го предаде на кинеската компанија „Foxconn“, а според проценките компанијата ќе престане да бележи загуба на крајот на фискалната година која ќе заврши во март 2015-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП