6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурциja бара нова спогодба за царинска унија со ЕУ

Турциja бара нова спогодба за царинска унија со ЕУ

turcijaeu6544bdsber

Турција до јуни повторно ќе ги отвори преговорите за Спогодбата за царинска унија со ЕУ, најави турскиот министер за економија Нихат Зејбекчи.

– До јуни ние повторно ќе почнеме преговори за Спогодбата за царинска унија, на која  ниту една суверена независна земја не треба да се согласи, посочи Зејбекчи во вчерашната изјава пред турските бизнисмени во округот Будур во југозападна Турција.

Тој, какп што јави денеска „Хуриет дејли љуз“, посочил дека веќе трипати имал средби со министрите за економија и трговија на земјите од ЕУ во врска со спогодбата и додаде дека ќе има и четврта.

Критичарите на спогодбата, склучена во 1996 година, тврдат дека таа ја ограничува конкурентната способност на Турција во областа на извозот. Тоа е, затоа што Унијата може да склучува спогодби за слободна трговија со други земји, кои се обврзувачки за Анкара, без турската страна да има право на збор.

Почнатите преговори меѓу САД и ЕУ за договор за трансатлантско партнерство за трговија и инвестиции е последната слична спогодба, што и нанесува удар на Турција, а предизвикува негодувања од страна на многу турски извозници, забележа весникот.

Спогодбите за слободна трговија меѓу ЕУ и трети земји дозволува стоките од тие држави да влегуваат на турските пазари преку Европа без царина, но одлуката за давање на истите привилегии на Турција зависи од третата земја, забележува весникот „Хуриет дејли љуз“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП