29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќето Јапонци се против санкциите кон Русија

Повеќето Јапонци се против санкциите кон Русија

japonija14

Повеќето Јапонци сметаат дека Токио треба да заземе самостоен став во врска со кризата во Украина, наместо да го прати примерот на западните земји и да воведува санкции кон Русија, покажуваат резултатите од новото истражување.

Анкетата на Националната телевизија во Токио и деловниот весник „Никеи“ покажува дека 31 процент од граѓаните ги поддржуваат острите санкции против Москва, какви што воведоа и ЕУ и САД.

Педесет и два проценти од анкетираните мислат дека Јапонија мора сама да ја одреди својата политика кон Русија, имајќи ја во предвид нејзината важност како економски и дипломатски партнер.

Јапонија досега покажуваше воздржаност во врска со Кримското прашање во однос на своите партнери од Западот, пренесува Гласот на Русија.

Токио ги прекина разговорите со Русија за прекинување на визите, како и дијалогот за некои важни економски и билатерални прашања, но јапонската влада напоменува дека овие мерки се ограничени и дека не влијаат на економската соработка помеѓу двете земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП