6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПреработувачката активност во Кина на осуммесечен минимум

Преработувачката активност во Кина на осуммесечен минимум

kinasde1

Кинеската преработувачка активност во март беше на најниското ниво во последните осум месеци, што е најновиот показател за забавувањето на втората по големина светска економија, покажаа денес податоците во Пекинг.

Прелиминарниот индекс на менаџерите за набавка (ПМИ), кој го пресметува банката HSBC и кој ја мери активноста на кинеските фабрики и работилници, е намален овој месец на 48,1 од 48,5 поени од февруари и тоа е најлошиот резултат од јули 2013 година, кога индексот изнесуваше 47,7 поени, пренесува агенцијата Франс прес.

Кинескиот ПМИ е тесно следен индикатор за здравјето на економскиот гигант, како и клучен двигател за глобалниот економски раст. Секој резултат над 50 поени покажува раст, а под 50 поени пад на секторските активности.

„Најновите податоци покажуваат дека кинескиот економски раст продолжува да забавува, а домашната побарувачка слабее“, наведува главниот економист на HSBC, додавајќи дека банката очекува дека кинеската власт ќе преземе мерки за стабилизација на економијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП