24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHypo Alpe Adria има потреба од 1,43 милијарди евра

Hypo Alpe Adria има потреба од 1,43 милијарди евра

hypoalpeadria6456w4v6e7vw

На банката „Hypo Alpe Adria“ во Автрија и се потребни 1,43 милијарди евра за да може да изготви биланс за 2013 година и да го преброди времето до основањето на „лоша банка“.

Оваа сума би ја „покрила“ потребата за капитал до септември оваа година, се наведува во соопштението на банката и се прецизира дека во наведениот износ не се опфатени загубите од планираната „лоша банка“.

Инаку, Австрија за оваа година предвиде една милијарда евра помош од буџетот за „Hypo“.

Министерството за финансии на Австрија, кое сега го анализира предложениот износ, порачува дека „свежите пари“ ќе бидат одобрени  во моментот кога постојаниот и целосно јасен детален план за користење на тие средства ќе биде утврден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП