6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНови вести за Mercedes AMG GT

Нови вести за Mercedes AMG GT

amg gt mercedes

Прво да потсетиме дека „AMG“ (основан во 1967-та година од страна на Ханс Варнер Ауфрехт и Ерхард Мелчер, а денес дивизија на „Mercedes“ со 1.200 вработени) во текот на 2013-та година забележа рекордна продажба.

Поточно, минатата година „Mercedes-AMG GmbH“ ширум светот пласираше 32.200 возила (раст од околу 20 проценти), што ги надмина и очекувањата на самата компанија.

Со цел да ја подобри продажбата, во план нормално се и нови модели, па така на почекотот на оваа година во Детроит беше претставен и „GLA45 AMG“, но наскоро се очекуваат вистински новитети – новиот „AMG GT“ или „SLC“ кој ќе конкурира на моделите како „Porsche 911“.

Новиот „AMG GT“ премиерно се очекува на 20-ти јули во текот на германското гран при, а според претходните најави ќе го придвижува 4.0 литарски „V8“ „twin-turbo“ мотор со 500KS (во комбинација со седумстепен менувач со двојно квачило).

Меѓутоа, некои неофицијални информации велат дека споменатиот мотор ќе биде достапен во три верзии со распон на моќта од 400KS за основната верзија, па се до 570KS зa екслузивната „Black Series“.

„AMG GT“ ќе биде полесен од сегашниот „SLS AMG“ модел, но ќе биде и значително поефтин од него затоа што неговата цена ќе статрува од околу 100.000 евра. Сепак, „AMG GT“ ќе нема т.н. „gullwing“ врата како „SLS AMG“, туку за него во „Mercedes“ веќе предвидоа конвенционално решение.

„Mercedes AMG GT“ би требало да има околу 1500 kg, тркалата да бидат од 19-инчи, а до 100 km/h ќе забрзува за помалку од 4 секунди, додека најголемата брзина ќе биде поголема од 305 km/h.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП