2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКои се најчестите причини за отказ?

Кои се најчестите причини за отказ?

dear-boss-i-quit

Секој добар менаџер треба да знае колку ќе го чини заминувањето на еден добар работник во иднина. Прочитајте ја листата со најчести причини за незадоволство на вработените во компаниите.

Не се чувствувате почитувани

Како една од главните причини се наведува дека вработените даваат отказ кога не се чувствуваат почитувани. Не е доволно вработениот да се „чукне по рамо“, туку од време на време да му се истакнат неговите заслуги и вредности во целиот тим. Ако почитта се изгуби подолг период, вработените ќе отидат да ја бараат во друга компанија.

Плата

Факт е дека компаниите кои се „најдарежливи“ се и оние најуспешните, па втората причина е, се разбира, платата.

Недоволно одмор

Некои компании, за да ги намалат трошоците, на вработените им даваат додатна работа, што значи и помлаку одмор. Направете повеќе со помалку вработени е концепт кој дефинитивно не функционира, а на кој, за жал, се инсистира.

Несогласување на менаџментот

Уште една од причините за отказ се рефлектира и во честата промена на менаџментот, а посебно во застарените средства за работа. Компаниите се советуваат дека повеќе исплатливо е да се замени опремата, отколку да се сменат работниците на неа.

Нереални очекувања

Овде секако спаѓаат и нереалните цели и недостатокот на поддршка од страна на менаџментот, како и недостатокот на јасен пат до успехот.

Недостаток на предизвици

На вработените би требало да им овозможите нови предизвици. Тие тоа го споредуваат со децата кои кога ќе им здодее училиштето, своите мисли ги насочуваат на друга страна. Така е и со вработените кои во тој случај започнуваат да бараат нови предизвици. Затоа се препорачува на вработениот кој е паметен, секогаш, да му се најде некоја задача која тој негов памет ќе ја изврши на најдобар можен начин.

Работна околина

На крајот, како една од поважните работи, се наведува работната околина.

„Во канцеларијата не треба да има константно журка, но пријатна атмосфера секако“, се наведува во текстот на сајтот „Glassdoor“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП