18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVolvo воскресна благодарејќи на Кина

Volvo воскресна благодарејќи на Кина

volvo logo

„Volvo“, шведската филијала на кинескиот производител „Geely“, минатата година оствари голем профит благодарејќи на големиот успех на кинескиот пазар и мерките на штедење.

Во 2013-та година „Volvo“ имаше нето-заработка од 960 милиони круни (108.5 милиони евра) во однос на загубата од 542 милиони круни од претходната година.

Компанијата во првата половина од 2013-та година забележа загуба од 778 милиони круни, а пред тоа година ипол беше во загуба.

„Покрај одличната продажба во втората половина од годината се фокусиравме на враќањето на патот на профитабилноста“, рече Извршниот директор на „Volvо“ Хакан Самеулсон, додавајќи дека компанијата е оптимистична за 2014-та година.

Продажбата во Кина, која е на добар пат да стане најзначаен пазар за „Volvо“, порасна за 45,6 проценти со продажба на 61.146 aвтомобили. Во САД, моментално најголемиот пазар на шведската компанија, продажбата е намалена за 10,1 проценти или на 61.233 возила.

Иако глобалната продажба пораснала за 1,4 проценти на 427.840 aвтомобили, а приходите се намалени на 122,3 од 124,5 милијарди круни од 2012-та година. Профитот од работењето е зголемен за 1,92 милијарди круни од 66 милијарди од 2012-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП