5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто ќе им остави Бил Гејтс на децата

Што ќе им остави Бил Гејтс на децата

Bill Gates

Бил и Мелинда Гејтс имаат намера поголемиот дел од богатството, кое изнесува 76 милијарди долари, да го дадат во хуманитарни цели, а не како наследство на своите деца.

Во неодамнешниот говор на TED конференцијата во Ванкувер, Гејтс и неговата сопруга Мелинда рекоа дека, наместо пари, на своите две ќерки и синот им овозможиле добро образование, за да научат да се потпрат на своите способности, а не на богатството на своите родители.

„Имате доволно пари, и покрај вашите огромни донации во хуманитарни цели, своите деца да ги направите милијардери“, рече организаторот на конференцијата Крис Андерсон, на што Бил Гејтс му одговори:

„Тие нема да имаат ништо што наликува на тоа. Мораат да имаат чувство дека нивната сопствена работа е важна и дека има смисла. Морате да се погрижите да имаат чувство за сопствена способност и да знаат што сакаат да работат“.

„Сакавме да постигнеме рамнотежа, така што ќе имаат слобода да направат што и да сакаат, но да немаат толку пари за да можат да не работат ништо“, заклучи Гејтс.

Брачниот пар Гејтс истакна дека одлуката за начинот на воспитување и образование на своите деца ја донеле пред да се венчаат, инспирирани од една статија на американскиот инвеститор и филантроп Ворен Бафет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП