5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветски ден на водите - планираните 570 брани закана за реките на...

Светски ден на водите – планираните 570 брани закана за реките на Балканот

hidrocentralii

Меѓународните организации кои работат на полето на заштита на природата, Euronatur и Riverwatch, во чест на 22 Март, Светскиот ден на водата, посочуваат дека на просторот од Словенија до Македонија се планира изградба на повеќе од 570 хидроцентрали со инсталирана моќ поголема од 1 мегават со што се доведува во прашање најзначајното природно богатство на Европа – реките.

– Мора да се спротивставиме на овој застарен тренд. Голем дел од планираните проекти се во спротивност со европската легислатива и меѓународните конвенции. Уште поскандалозно е инвестирањето на проектите преку странски инвеститори, вели Улрух Ејхелман, претседателот на Меѓународната организација за зачувување на реките Riverwatch.

Претседателот на Euronatur, Габриел Швадерер, пак, истакнува дека изградбата на хидроенергетските проекти се наложува без никаков обѕир спрема луѓето и природата, дури и во национални паркови.

– Ова е неприфатливо и го попречува потенцијалот за одржлив економски развој во земјите на Балканот. Пред спроведување на хидроенергетските проекти мора да се има предвид потенцијалното негативно влијание врз природата. Императив е изготвување на глобален план за зачувување на најранливите водни екосистеми во регион, нагласува Швадерер.

Според нив, Балканскиот Полуостров е единствено место во Европа каде се уште постои разновидност од недопрени реки, кристално чисти потоци, пространи речни долини, недопрени крајречни шуми, спектакуларни водопади, па дури и карстни подземни реки. Направена е и хидроморфолошка проценка на реките на Балканскиот Полуостров во должина од околу 35.000 километри во која има проценка на постоечки и планирани хидроенергетски проекти, вклучувајќи и студија за биолошката разновидност на рибите и мекотелите, која покажува дека 30 отсто од водотеците се во природна, а 50 проценти во полуприродна состојба.

– Повеќе од 60 отсто од реките во Албанија и Црна Гора се во природна состојба, за разлика од остатокот од Европа каде овој процент се движи од 6 до 10. Во реките на Балканскиот Полуостров има 69 видови ендемични риби и се живеалиште за 151 ретки видови од групата слатководни мекотели, што претставува 40,5 отсто од сите загрозени видови мекотели во Европа. Проектираните хидроенергетски проекти го доведуваат во прашање опстанокот на 70 – 75 отсто од популациите на овие загрозени видови, се вели во студијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП