10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрезентација за Нацрт ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово

Презентација за Нацрт ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово

dogovordogovorrakuvanje55

– Втората ревидирана Нацрт-програма за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово 2014-2020, финасирана од ИПА 2 средствата од Европската комисија денеска се презентира во Скопје. Потенцијални корисници од Македонија се општините од Полошкиот, Скопскиот и Северозападниот регион. Од косовска страна тоа се два региони или 17 општини.

Експертот за програмирање Јасминка Тасева Јанковиќ информира дека програмата почнала да се подготвува во јуни 2013 година и додаде оти веќе се во нејзината крајна фаза.

Се подготвува во соработка со крајните корисници и со Министерството за локална самоуправа на Република Македонија и со Министерството за администрација на локалните управи на Република Косово.

– Програмата содржи анализа на постојната состојба, која беше водечка во утврдување на предлог-приоритетите за потенцијалните активности во оваа програма. Приоритетите се конкурентноста на малите и средни претпријатија, туризмот и културното наследство и екологијата, изјави Тасева Јанковиќ и додаде дека вредноста на програмата се уште не е точно дефинирана.

Претходната програма го опфаќаше периодот 2010-2013 година. Првиот повик за поднесување проекти, како што рече, заврши во февруари годинава и се уште се оценуваат пристигнатите проекти. Потенцира дека имало заинтересираност за првиот повик.

Мјелма Мехмети Петерсен, државен советник во Министерството за локална самоуправа на Македонија соопшти дека се формирани работни групи од двете држави кои се среќаваат редовно и ги одредуваат целите, активностите и териториите на кои ќе се однесува програмата.

– Се повикувавме на искуствата од другите програми и на територијалните предиспозиции карактеристични за регионите во Македонија и Косово. Според искуството со програмата 2010-2013 година, за оваа програма годишните алокации беа релативно мали, по 600 илјади евра за Македонија на годишна основа и исто толку и за Косово или 1,2 милиони евра на годишна основа, рече Мехмети Петерсен.

На презентацијата и првата консултативната работилница присуствуваа претставници од општините и од НВО секторот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП