28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочеток на проектот за искористување на обновливи извори на енергија „Кон иднината“

Почеток на проектот за искористување на обновливи извори на енергија „Кон иднината“

bugarija makedonija

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион започна со имплементација на проектот „КОН ИДНИНАТА“ – Студија за потенцијалот и искористување на обновливите извори на енергија во прекуграничниот регион, финансиран преку Третиот повик за проектни предлози од ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија. Партнер на Центарот од Бугарска страна е Асоцијацијата на Југозападни општини, Благоевград.

Проектот “Кон иднината” ќе се реализира во наредните 18 месеци и негова цел покрај изработка на Студијата е да се придонесе кон зголемување на јавната свест за потенцијалот на обновливите енергетски ресурси во прекуграничниот регион и кон идното користење на еко ресурсите, како и зголемување на енергетската ефикасност и користењето на обновливите извори на енергија во Југоисточниот плански регион, Република Македонија и Југозападниот регион, Република Бугарија. Со помош на проектните активности кои се планирани во проектот, кои вклучуваат тркалезни маси и работилници, како и изготвување на промотивен материјал за настаните и проектот, ќе се овозможи размена на искуства и трансфер на знаење во двата прекугранични региони.

Жулиета Ѓуркова – директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион: “Овој проект ќе ни овозможи да ги увидиме потенцијалите на Југоисточниот плански регион за користење на обновливите извори на енергија, со што ке овозможиме да се искористат тие енергенси во привлекување на инвеститори во овој регион, како и подобрување на економската состојба. Овој проект е дел од активностите на Центарот за развој со кој се промовира регионот и се унапредува бизнис климата“.

Предвидено е да се имлементира и кампања за подигање на јавната свест за обновливите извори на енергија, со што ќе се настојува нивно поголемо идно користење заради подобрувањето на квалитетот на живот на жителите во Југоисточниот плански регион, Република Македонија и Југозападниот регион, Република Бугарија. Проектот е финансиран со средства од Европската Унија и има вкупна вредност од 147.400 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП