2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗаборавете на гумите за џвакање, ова го спречува кариесот

Заборавете на гумите за џвакање, ова го спречува кариесот

kashkavak;n7wqgf97gq

Кашкавалот помага во намалувањето на кариес, бидејќи ја неутрализира киселината во устата, тврдат резултатите од истражувањата.

Истражувачите открија дека ферментираните млечни производи ја прават усната шуплина повеќе алкална, со што се намалува потребата од стоматолошки интервенции. Исто така, кашкавалот создава и заштитен слој околу забите.

Колку pH нивото на површината на забите е повисоко, толку повеќе забите се заштитени од ерозијата која предизвикува кариес. Истражувачите сметаат дека конзумирањето на кашкавал ја зголемува количината на плунка во устата, што претставува природен начин на одржување на здраво pH ниво.

Кашкавалот ослободува хемиски соединенија кои формираат заштитен слој на забите, а тој штити од киселината која ја напаѓа глеѓта на забите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП