27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да се однесувате кога ќе направите грешка на работа?

Како да се однесувате кога ќе направите грешка на работа?

greshkarabota546464vzdv

Пропуштен состанок, случајно испраќање љубовен мејл на шефот или доцнење со рокот за извршување на работата навистина може да предизвика големи проблеми. Сепак, никој не е совршен, па затоа, научете како достоинствено да ги преживеете ваквите „катастрофи“.

1. Дишете

Кога сте разбрале дека сте погрешиле обидете се да се тргнете од компјутерот, неколку пати длабоко вдишете и издишете, излезете малку надвор и прошетајте. Стравот и останатите негативни емоции можат да го затемнат здравиот разум и да доведат до донесување на пребрзи одлуки, поради кои подоцна ќе жалите.

2. Признајте ја грешката

Немојте да мислите дека шефот ќе остане рамнодушен ако доцните на утринскиот состанок. Во секоја прилика нагласите дека во иднина нема да ја повторите истата грешка. Тоа остава посилен впечаток отколку честите извинувања.

3. Најдете креативно решение

Ако е во прашање капитална грешка како што е, на пример, неточен финансиски извештај, смислете неколку идеи за исправање на таа грешка. Дури и ако вашиот шеф одлучи самиот да ја решава новонастанатата ситуација, така барем ќе искажете иницијатива наместо да го криете проблемот.

4. Продолжете понатаму

Најдобриот начин за совладување на било какви проблеми е продолжување со работата. Вратете ја својата сигурност со вложување на додатен труд во идните проекти. Сакале вие или не, сега сте во центарот на вниманието, па искористете го тој момент да се покажете во најдобро светло.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП