18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПилотите на Lufthansa одлучија да штрајкуваат

Пилотите на Lufthansa одлучија да штрајкуваат

lufthansaoks239-uf93

Пилотите на најголемиот германски авиопревозник „Lufthansa“, одлучија со гласање да стапат во штрајк поради спорот во врска со платите и условите за работа, соопшти денес нивниот синдикат.

Синдикатот кој брои повеќе од 5.000 пилоти на „Lufthansa“ соопшти дека за стапување во штрајк гласале повеќе од 90 проценти од членовите.

„Никој од нас не сакаше да штрајкува, бевме многу трпеливи во преговорите, но трпението сега се изгуби“, рече пред новинарите претставникот на пилотите во преговорите, Томас фон Штурм.

Синдикатот објави дека секој штрајк ќе биде најавен 48 часа претходно, така што патниците ќе имаат време да го променат планот за патување. Пилотите засега не планираат да штрајкуваат за време на велигденските празници.

Патниците на „Lufthansa“ биле тешко погодени од штрајкот на службата за безбедност на аеродромот во Франкфурт минатиот месец.

„Lufthansa“ поминува преку програма за реструктуирање, со цел да го зголеми оперативниот профит за 1,5 милијарди евра во однос на 2011 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП