2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија во олимписка форма

Швајцарија во олимписка форма

shvajcarijajm8fu38yhrg32

Швајцарската надворешна трговија во февруари беше во силен замав, така што извозот бележи раст на годишно ниво од 7,1 процент, на 17 милијарди франци.

Во исто време, увозот порасна за 3,3 проценти, на 14,4 милијарди евра, соопшти швајцарската Сојузна управна царина. Надворешниот трговски суфицит во февруари вредел 2,6 милијарди франци, пренесува швајцарскиот весник „24 часа“.

Најголем придонес за динамиката на извозот дала хемиската и фармацевтската индустрија, која генерира повеќе од 90 проценти раст на вредноста на извозот. Продажбата на производи од овој сектор во февруари е зголемена за 16,7 проценти, на 7,4 милијарди франци.

Овој сектор дал значаен придонес и на увозот, па така, увозот на лекови е зголемен за третина, најмногу во областа на имунологијата.

Извозот на пластика е зголемен за 8,7 проценти, а неговата вредност изнесува 293 милиони франци, додека извозот на часовници е зголемен за дури седум проценти, на 1,7 милијарди франци.

Ниту металургиската (со машинската индустрија) и електрониката не заостануваат многу, со раст на извозот од 4,9 и 3,5 проценти, соодветно. Меѓутоа, немаа сите сегменти од овие области изедначени резултати, па така, на пример, извозот на машини пораснал за 8,0 проценти, додека куќните апарати забележиле пад од 9,9 проценти во споредба со февруари 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП