25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија петта во светот по насмевки на вработените

Македонија петта во светот по насмевки на вработените

smile people

Македонија e на петтото место во светот во поглед на насмевките кои купувачите ги добиваат од вработените. Според тајните купувачи, во 91 отсто од посетите вработените биле насмеани додека ги услужувале, со што сме над светскиот просек кој изнесува 83 отсто. Овој резултат е повисок во споредба со минатата година, кога резултатот бил 72 отсто.

Компанијата „Better Business World Wide“ годинава 10-ти пат ги сублимира податоците од агенции кои спроведуваат тајно купување во Азија, Европа, Северна и Јужна Америка, во извештајот за насмевки „Smiling Report“ (www.SmilingReport.com).

Извештајот е изработен врз основа на извршени 1,6 милиони посети на тајни купувачи, во 53 земји од светот во цел спектар на индустрии. Во истражувањето учествуваше и Македонија, со поддршка на агенцијата за истражување SWOT Research.

Истражувањето покажува дека тајните купувачи во Македонија биле поздравени од страна на вработените во 67 отсто од спроведените посети. Со тој резултат, како што се наведува, се наоѓаме на четвртото место пред дното на табелата во друштво со азиските земји Хонгконг, Макао и Индија.

– Овој резултат е послаб во споредба со претходната година за 10 процентни поени и е значително понизок од светскиот просек кој изнесува 86 отсто. На врвот на табелата се наоѓаат јужноамериканските земји Гватемала, Панама, Перу и Уругвај, информира SWOT Research.

Лидер на табелата е Полска, следена од Ирска, Шпанија и Чешка. Држави во кои тајните купувачи пријавиле најмалку насмевки се Кина, Макао и Јужна Кореја со резултат под 60 отсто.

Извештајот е достапен на www.SmilingReport.com.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП