2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСловенечки Merkur нема да банкротира

Словенечки Merkur нема да банкротира

merkur prodavnica

Словенечкиот малопродажен ланец на техничка стока, „Merkur“, нема да заврши во стечај откако и последната банка се согласи на репрограмирање на неговите долгови, со што ќе се создадат услови за подобра бизнис клима.

Банката „Koper“ дури пред самиот истек на рокот даде согласност за условите за репрограмирање на долгот на „Merkur“, несакајќи да ризикуваат некогаш моќниот трговски ланец да заврши во стечај.

Сметајќи дека „Merkur“ по реструктуирањето ќе го задржи „здравото јадро“ со околу 1.800 работници, значително помалку во однос од пред неколку години, кога доживеа експанзија и се до почетокот на светската економска криза која значително ги погоди словенечките градежни компании на кои им беше главен снабдувач.

Многу пред банката „Koper“, сите останати банки се согласија на двегодишен мораторум за отплата на главнината од кредитите на „Merkur“, т.е. продолжување на рокот за исплата на главницата на 12 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП