6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ Јапонија и го сврте грбот на Русија

И Јапонија и го сврте грбот на Русија

abeiputin564644

Јапонија ќе и даде една милијарда долари финансиска помош на Украина на самитот на Г7, јавува јапонската медиумска куќа НХК, пренесува Ројтерс.

Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе помошта за Украина официјално ќе ја открие наредната седмица на маргините на Самитот на групата Г7 во Холандија, посветен на нуклеарната безбедност.

Помошта од Токио освен кредитот вклучува и друг вид на финансиска поддршка, во вкупен износ од 1000 милијарди јени (997 милиони долари) наменети за инфраструктурни и други јавни проекти, во соработка со Меѓународниот монетарен фонд.

Ројтерс наведува дека Јапонија им се придружи на САД и другите западни сојузници во вршењето на притисок кон Москва поради Крим, но оваа ситуација го стави Абе во незгодна ситуација бидејќи тој од доаѓањето на власт во 2012 година, имаше неколку состаноци со рускиот претседател Владимир Путин.

Покрај тоа, Абе е еден од ретките про-западни лидери кој присуствуваше на отворањето на Зимските олимписки игри во Сочи и разговараше со Путин.

Некогаш добри соработници, напоменува Ројтерс, а сега со затегнати односи бидејќи Абе ја осуди Русија поради загрозувањето на територијалниот интегритет на Украина и се закани со воведување на дополнителни санкции кон Москва поради нејзината улога во кризата.

Министерството за надворешни работи на Јапонија соопшти дека ги прекинало разговорите со Русија за олеснување на визниот режим и дека нема да започне преговори за нови инвестиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП