Српското Министерство за финансии објави денеска дека јавниот долг на Србија во февруари оваа година е зголемен за 178 милиони евра и достигнал околу 20,4 милијарди евра или 62,9 отсто БДП.
Јавниот долг на Србија на крајот на 2013 година изнесувал 20,089 милијарди евра или 61,2 отсто од БДП, а според Законот за буџетски систем учеството на јавниот долг на Србија во БДП е ограничено на 45 отсто.
На крајот на февруари 2014 директните обврски на државата изнесувале 17,6 милијарди, а индиректните 2,794 милијарди евра.
Според официјалните податоци, јавниот долг на Србија на крајот на 2000 бил околу 14,2 милијарди евра, или што тогаш изнесувало 169,3 отсто од БДП, а оттогаш тој е намалуван до крајот на 2008 година на околу 8,78 милијарди евра (29,2 отсто од БДП).