6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГол за Пандев, но елиминација на Наполи во Лига Европа

Гол за Пандев, но елиминација на Наполи во Лига Европа

naju

Со одигрувањето на реванш осминафиналните натпревари синоќа познати се осумте екипи кои се пласираа во четвртфиналето од Лига Европа.

Наполи на нашиот Горан Пандев не успеа да избори четвртфинале откако одигра 2:2 дома со Порто.

Пандев беше стрелец на првиот гол за Наполи во 21. минута за водство од 1:0, но гостите потоа постигнаа два гола и со победата дома од 1:0 обезбедија пласман во следната рунда.

Во градскиот дуел Севиља го победи Бетис на реваншот на негов терен со 2:0 и со тоа ја анулира предноста на противникот од првиот дуел, а потоа по подоброто изведување пенали се пласира во следната фаза.

Голем успех постигна и Базел, откако со играч помалку играше повеќе од 70 минути и на гости го победи Салцбург со 2:1.

Овој натпревар поради неспортското навивање на гостинските навивачи беше во прекин околу 15 минути.

Преглед на резултатите: Анжи – АЗ 0:0 (0:1 вкупен резултат), Бенфика – Тотенхем 2:2 (5:3), Фиорентина – Јувентус 0:1 (1:2), Плзен – Олимпик Лион 2:1 (3:5), Валенсија – Лудогорец 1:0(4:0), Бетис – Севиља 0:2 (2:2 – 3:4 на пенали), Наполи – Порто 2:2 (2:3) и Салцбург – Базел 1:2(1:2).

Извлекувањето на двојките ќе се одржи денеска во Нион, а во конкуренција се следниве екипи: АЗ, Бенфика, Јувентус, Олимпик Лион, Валенсија, Севиља, Порто и Базел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП