6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPorsche богато ќе ги награди своите вработени

Porsche богато ќе ги награди своите вработени

650_porsche_2

„Porsche“ навистина е фабрика од соништата и тоа не само за купувачите на нивните автомобили.

Германскиот производител на спортски автомобили и „SUV“ возила веќе подолго време има традиција да ги наградува работниците во успешните години, а последната беше најуспешната во историјата на компанијата, па поради тоа и бонусот кој ќе го добијат вработените ќе биде најголемиот досега.

Имено секој од 15.000-те вработени ќе добие специјална исплата од 8.200 евра, од кои 7.600 ќе им бидат исплатени на сметка, додека другите 600 евра по работник ќе бидат уплатени во специјалниот пензиски фонд на „Porsche“ – „VarioRente“.

Оваа парична награда ќе ја добие секој вработен во компанијата без разлика на кое место е во компанијата.

Во однос на 2012-та година, „Porsche“ минатата година го зголеми бројот на продадени автомобили за 15 проценти, а приходите пораснаа за три проценти, додека нето добивката забележа раст од шест проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП