6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИШто велите за оваа верзија на iPhone 6? (видео)

Што велите за оваа верзија на iPhone 6? (видео)

iphone 6 koncept

Концепти на „iPhone 6“ изникнуваат како да не постои утре. За уште еден нов видео запис се погрижи дуото Симоне Евангелиста и Ран Авни. Тие претставија 5.5 инчен уред со асиметрична предна површина, која во крајна линија изгледа е и главниот недостаток.

На задната површина уредот е малку искривен, исто како кај моделот „iPhone 5c“, но и таблетот „iPad Air“. Што се однесува до страните на телефонот, се чини како да не постојат, а оперативниот систем „iOS“ e прикажан со малку „развлечени“ икони.

Рака на срце, и некои од претходните концепти се оддалечени од симетриите кои „Apple“ вообичаено ги вметнува во своите уреди, но тоа не значи дека тие се поудобни од конзервативните дизајнерски обиди. Како и да е, погледнете го видеото и самите одлучете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП