28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНаградени две Chardonnay-а на ВВ „Тиквеш“

Наградени две Chardonnay-а на ВВ „Тиквеш“

tikvesmmmm

Винарската визба „Тиквеш“ доби две награди на годинешното издание на престижниот натпревар специјализиран за вина од сортата „шардоне“. Во конкуренција на 794 вина од 40 земји, врвните „Chardonnay“–а на Тиквеш, Limited edition и Special Selection од бербите 2012  и 2013 беа наградени со сребрени медали. Вината ги оценуваа 300 судии – врвни меѓународни експерти, од кои половината од Франција.

Во последниве 4 години, ВВ „Тиквеш“ комплетира вкупно 5 награди на овој уникатен натпревар од светско значење, чија мисија е да ги издвои и да ги награди најквалитетните вина од сортата „шардоне“ и со тоа да ја зајакне нивната вредност пред огромната и растечка конкуренција на вина од оваа сорта на светските пазари.

Chardonnay du Monde_Tikves

Двете годинешни награди на „Chardonnay du Monde“ се резултат на нашата стратегија да создаваме врвни вина во светски рамки, но и потврда дека можеме да го одржиме континуитетот на квалитет, препознаен од врвните оценувачи и екперти. Задоволството е дотолку поголемо што таа потврда неколку години по ред доаѓа токму од земјата која што е татковина на оваа сорта“, изјави Игор Илиевски, генерален директор на винарската визба „Тиквеш“.

Годинешниот 21-ви по ред светски натпревар на вина од оваа сорта се одржа на винскиот имот на прочуениот Институт Пастер во Бургундскиот регион во Франција. Вината се оценуваат според највисоките критериуми базирани на енолошката наука, а кои се построги од вообичаената норма на останатите натревари. Со ова,  Chardonnay du Monde останува верен на своите основни начела за препознавање на разновидноста, квалитетот и високите стандарди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП