3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија го усвои најголемиот буџет во својата историја

Јапонија го усвои најголемиот буџет во својата историја

japonijabudzet6546e74ber

Јапонските власти денес го усвоија најголемиот буџет во историјата на својата земја, бидејќи со него за фискалната година која почнува во април е предвидена потрошувачка од 937 милијарди долари.

Таквиот буџет е наменет за поттикнување на растот, во момент кога потрошувачите се подготвуваат за првото зголемување на данокот на прoмет во Јапонија за последните 15 години, пренесува агенцијата Франс прес.

Во Горниот дом од јапонскиот парламент 136 од вкупно 242 пратеници гласаа за усвојување на новиот пакет, 102 беа против, a четворица не гласаа.

Буџетот пред Горниот дом на парламентот дојде откако Долниот дом го усвои минатиот месец, давајќи „зелено светло“ за буџетот од 937,4 милијарди долари, за фискалната година која почнува наредниот месец.

Усвојувањето на буџетот доаѓа во услови кога официјален Токио се залага за брза примена на пакетот монетарни поттикнувања, во износ од 50 милијарди долари, наменети за заштита на кревкото економско закрепнување на Јапонија, и кога земјата се подготвува за зголемување на данокот на промет од пет на осум проценти од 1 април.

Ова зголемување на данокот се оценува како клучен чекор за намалување на огромниот јапонски долг, кој е речиси највисокиот меѓу богатите земји во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП