27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВодата е најдобриот сојузник на диетите

Водата е најдобриот сојузник на диетите

vodavodkr9302jf

Прифаќањето на било која диета може да биде значително полесно со помош на обичната вода, таа помага да ја залажете гладта, да согорите повеќе калории и да се ослобидите од штетните материи.

Со доаѓањето на пролетта многу дами започнуваат со драстични диети, за на плажа да изгледаат што поатрактивни. Меѓутоа, повеќето не се свесни колку во тоа може да им помогне обичната вода.

Ако сакате да го намалете внесувањето на калории, чаша обична вода пред секој оброк може да ви помогне во тоа. Ќе имате чувство на ситост и нема да можете да се прејадете. Водата исто така помага и да ги отстраните „забуните“ во своето тело, бидејќи не ретко мислите дека сте гладни, а всушност сте жедни.

Доколку не пиете доволно вода, вашиот метаболизам се забавува, што процесот на слабеење се чини скоро невозможен. Ако пиете повеќе вода, организмот е во состојба да согори повеќе калории без чувство на замор. Нутриционистите препорачуваат чаша вода наутро, на празен стомак.

Дехидрацијата може да доведе до неправилно функционирање на организмот. Покрај тоа, водата е „одговорна“ и за изгледот на вашата коса и кожа, но немојте да пиете повеќе од 2 до 2,5 литри дневно ако не ви одговара.

Кога вежбате или се занимавате со некој облик на рекреација, телото преку потта се ослободува од штетните материи, а за да ја забрзате нивната елиминација, ќе ви помогне водата.

Советот за сите дами кои мислат дека имаат вишок килограми е да не подлегнуваат на строги диети на високите температури, бидејќи можат да го загрозат своето здравје. Тајната на витката линија не се крие во диетите, туку во умерената исхрана, редовни вежби и правилна хидрација на организмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП