3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата на Порторико бара совети од граѓаните за обнова на економијата

Владата на Порторико бара совети од граѓаните за обнова на економијата

portorikonciuqwgf73g2

Владата на Порторико побара од граѓаните да испратат идеи за обнова на економијата, која е во рецесија веќе осум години.

Шефицата на администрацијата Ингрид Вила изјави дека граѓаните можат да достават „конкретни и остварливи“ предлози на нивниот веб сајт.

Таа изјави дека се добредојдени идеите за решавање на проблемот со одливот на обучените работници и сивата економија.

Владата основаше комисија која ќе ги проценува пристигнатите предлози и ќе препорачува да се реализираат оние кои ги исполнуваат критериумите на остварливост, еднаквост, социјална правда, одржливост и благосостојба за целата заедница.

Меѓу првите пристигнати идеи по започнатата акција за собирање на предлози од граѓаните, пристигнаа предлози за привлекување на странски инвеститори и изградба на станови кои би се продавале по пониски цени.

Вила изјави дека повеќе од 450.000 лица го напуштиле Порторико во последната деценија.

Порторико е територија на САД, оваа земја е во рецесија од 2006 година. Според официјалните податоци, стапката на невработеност е 15,2 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП