3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов Зеланд - ѕвезда во подем

Нов Зеланд – ѕвезда во подем

brzrast27692649832yf8hefhwe

Економијата на Нов Зеланд во минатата година забележа раст од 2,7 проценти, што ја прави една од најбрзорастечките економии во развиениот свет.

Статистиката на Нов Зеланд покажува дека производството се зголемило за 0,9 проценти во три месеци до декември. Тоа е 12-ти последователен квартал со позитивен економски раст.

Производството е зголемено за стапка од 2,1 проценти, што е најбрзиот раст од 2006 година.

Бројките најверојатно нема да се променат по одлуката на централната монетарна власт да ја подигне основната каматна стапка за 0,25 проценти, на 2,75 проценти.

Како што наведува Централната банка, не е повеќе неопходно да се задржи политиката на ниски каматни стапки, кога имате економија која кредибилно расте и можно е да достигне и раст од 4,5 проценти во наредните две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП