10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBurger King ја окупира Франција

Burger King ја окупира Франција

burgerkingjd382yr2rfnl2j

Американскиот ланец на ресторани за брза храна „Burger King“ планира оваа година да отвори 25 нови ресторани во Франција и да вработи уште 1.200 лица.

„Burger King“ минатата година го отвори првиот ресторан во Франција заедно со локалниот ланец на ресторани „Bertrand“, но новите 25 планира да ги отвори самостојно.

Групацијата има за цел да освои 20 проценти од францускиот пазар во секторот за брза храна и во наредните 10 години да отвори од 350 до 400 ресторани во оваа земја.

„Burger King“ е вториот најголем производител на хамбургери во светот со околу 34,000 ресторани во целиот свет.

Во Франција минатата година тој се врати по 15 години, кога ги затвори своите 39 ресторани во оваа земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП