28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПромоција на регионални проекти подготвени со грантова шема

Промоција на регионални проекти подготвени со грантова шема

uspeshnaprezentacija1

ГИЗ Програмата за регионален економски развој во Македонија (ГИЗ РЕД) денеска ќе ги презентира регионалните проекти што се подготвуваат во рамки на грантовата шема условена со перформанси во износ од 400.000 евра.

Грантовата шема претставува нов инструмент за поддршка, кој треба да послужи како алатка за учење со цел да им помогне на советите и центрите за развој во сите осум плански региони во Македонија во подобрување на нивната работа при подготовката на техничка документација за пообемни проекти од регионално значење и подоцна за стекнување на средства за регионален развој од ЕУ и други извори на финансирање.

Целта е да се промовира важноста на регионалниот развој и да се презентираат искуствата во примената на иновативни инструменти базирани на остварените перформанси за идентификување, избор и развивање на проекти на партиципативен и транспарентен начин.

На настанот ќе учествуваат претставници на Владата, на меѓународни организации, градоначалници, на Центрите за развој на планските региони и медиумите.

Присутните ќе се запознаат со процесот и досегашните резултати, како и со избраните регионални развојни проекти, поднесени од страна на осумте центри за развој на планските региони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП