27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФЕД ја намали економската прогноза за САД

ФЕД ја намали економската прогноза за САД

fedcwef03hf083htgf3hnfg

Американската Управа на федералните резерви (ФЕД) ја намали прогнозата за економскиот раст на САД за оваа и наредната година.

ФЕД, сепак наведе дека стапката на невработеност ќе се намалува со побрзо темпо отколку што се мислеше во декември.

ФЕД очекува дека економијата во 2014 година ќе напредува за 2,8 до 3 проценти, а во 2015 од три до 3,2 проценти, што е за 0,2 проценти помалку во однос на претходните прогнози, пренесува агенцијата Франс прес.

Невработеноста би требало да биде намалена на 6,1 до 6,3 проценти оваа година, во однос на претходно очекуваните 6,3 до 6,6 проценти, како и на 5,6 до 5,9 проценти во 2015 година.

Централната банка не ја менуваше прогнозата за инфлацијата, која оваа година би требало да изнесува 1,6 проценти, а наредната два проценти.

ФЕД, исто така, го намали и обемот на купување на обврзници за дополнителни 10 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП