4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да одговорите на најтешките прашања на интервјуто за работа?

Како да одговорите на најтешките прашања на интервјуто за работа?

odgovoriteprashanja458974we67g

Вие сте на разговорот за работа, се се одвива како што треба, самодовербата ви расте, а вашиот соговорник наеднаш ве изненадува со прашањето – „Која е вашата најголема слабост“. Ако не сте се подготвиле добро, погрешниот одговор на ова прашање може да ги намали вашите шанси да ја добиете работата.

Бернард Мар, консултант и писател, ги објави своите совети како да одговорите на „најтешките прашања“ на интервјуто за работа.

На кратко, неговите совети се:

– Избегнете го одговорот во кој фокусот го ставате на вештините кои се потребни за таа работа и оние кои всушност ги имате.

– Зборувајте за неважни слабости, односно за оние кои не се важни за вашата работа.

– Не ги генерализирајте вашите слабости. На пример, не кажувајте „Сакам да шефувам“, туку кажете „Кога постои голем притисокот на проектот, понекогаш знам да се ставам во улога на шефување“.

– Зборувајте за ситуацијата во минато време, раскажете како сте се развивале и како сте напредувале, односно како сте ги надминале вашите слабости.

– За некои свои слабости едноставно немојте да зборувате на разговорот за работа – на пр. ако не сте тимски играч, ако тешко поднесувате критика, ако не сте многу сигурни и сл.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП