2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes S63 AMG Coupe (фото)

Mercedes S63 AMG Coupe (фото)

coupe amg

„Mercedes“ ги објави фотографиите и техничките детали од купе верзијата на „S сlasѕ“. Моделот „S63 AMG Coupe“ ќе има официјална премиера на саемот во Њујорк во април 2014-та, а првите сопственици на овој автомобил ќе можат да седнат зад воланот во септември.

Иако и „стандардната“ „S сlasѕ Coupe“ изгледа многу спортски и агресивно, „S63 AMG“ за нијанса визуелно е подинамична со различен аеродинамичен преден браник.

coupe amg1

Масивните додатоци на праговите на автомобилот и големите отвори на четирите издувни цевки позади, дополнително го зголемуваат впечатокот на моќ која се крие под хаубата на автомобилот.

„Mercedes S63 AMG Coupe“ е опремен со 19-инчни „AMG“ aлуминиумски бандажи и гуми со димензии 255/45, напред, односно 285/40, позади.

coupe amg2

За погон е задолжен 5.5 литарски V8 би-турбо мотор со 585 ks (430 kW) кој произведува дури 900 Nm максимален вртежен момент. Во споредба со стариот „Mercedes CL 63 AMG“, неговиот наследник ќе развива 40 „коња“ и 100 Nm повеќе.

Покрај тоа, „Mercedes S63 AMG Coupe“ е полесен за 65 kg oд претходникот, чија негова снага уште повеќе доаѓа до израз.

coupe amg3

Основната верзија со заден погон од 0 дo 100 km/h ќе пристигнува за 4.3 секунди, а максималната брзина електронски е ограничена на 250 km/h. Изборниот „4MATIC“ модел до „стотка“ стигнува за 3.9 секунди.

Моќта на тркалата се пренесува со помош на седумбрзинскиот спортски автоматски менувач, а возачот може да бира еден од трите начини: „C“ (Controlled Efficiency), „S“ (Sport) и „M“ (Manual).

coupe amg4

Автомобилот во внатрешноста е опремен со спортски „AMG“ седишта и „Nappa“ кожна навлака.

Како и останатите неодамна претставени модели на „Mercedes“, така и „S63 AMG Coupe“ во првата година ќе биде достапен и во ограничената серија „Edition 1“, која меѓу останатото ќе има кристали на „Swarovski“ во „LED“ фаровите, ексклузивните кожни седишта, светкави „AMG“ ознаки на праговите, „Night View Assist Plus sistem“…

coupe amg5

„Mercedes S63 AMG Coupe“ официјално пред публиката ќе биде претставен на њујоршкиот саем за автомобили во април.

Верзијата „4MATIC“ ќе може да се нарачува од април месец, а моделот со заден погон од јули месец. Првите примероци ќе им бидат испорачани на купувачите во септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП