3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена невработеноста во Британија

Намалена невработеноста во Британија

londonbritish4646

Невработеноста во Британија се намалува, додека бројот на вработени лица достигна рекордно ниво, покaжаa денес официјалните податоци.

Бројот на невработени лица за три месеци заклучно со јануари, е намален за 63,000 на 2,33 милиони лица, во споредба со претходните три месеци, се наведува во соопштението на британската канцеларија за статистика (ОНС), пренесува агенцијата Франс прес.

Во истиот период, вработувањето е зголемено на 30,19 милиони, што е највисокото забележано ниво откако во 1971 година започнале да се регистрираат овие податоци, се вели во соопштението.

Бројот на лица кои во февруари барале исплата на надоместоци за невработени е намален на 1,17 милиони лица, што е пад кој континуирано се бележи во последните 16 месеци.

Позитивните податоци од пазарот на трудот, заедно со зајакнатото економско закрепнување на Британија, се добра основа за денешната презентација на годишниот буџет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП