19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстрија: Сивата економија не чини 6 милијарди евра

Австрија: Сивата економија не чини 6 милијарди евра

money-euro_w520

Поради работата „на црно“, затајувањето на данок и нелегалното користење на социјални услуги, австрискиот буџет од 2011 до 2013 година е оштетен за околу 5,9 милијарди евра.

Тоа се 4,67 проценти од вкупните приходи од даноците и социјалните давачки, пресметува професорот на Институтот за економија, Фридрих Шнајдер.

Работата на црно ја чини државата, поради неплаќање на даноци и социјални давачки, 2,96 милијарди евра. Класичното даночно затајување ги намали приходите во буџетот во висина од 1,86 милијарди евра, а преку нелегално користење на социјални услуги настанаа трошоци во висина од 1,1 милијарди евра.

Според Шнајдер во Австрија околу 900.000 до 1,1 милион лица се активни во сивата економија. Тоа се лицата кои имаат официјална работа, а работат на црно прекувремено.

Остатокот од работата на црно потекнува од организираниот криминал, и тоа од проституцијата и принудната работа во градежништвото.

Шнајдер истакнува дека е тешко да се утврди кои се победниците а кои губитниците при работењето на црно.

Според неговите зборови, од неплаќањето на социјалните придонеси профитираат многу лица кои не би можеле на поинаков начин на себе си да си дозволат здравствени услуги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП