4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКина подготвува мега нарачка за Airbus

Кина подготвува мега нарачка за Airbus

airbusfrancef3e4fwe646ew4f

Францускиот производител на авиони „Airbus“ би можел наскоро од Кина да добие нарачка за дури 150 цивилни авиони со голема носивост во вредност од 14 милијарди евра.

Оваа мега нарачка е предмет на преговори на двете страни во рамките на многу пошироката програма за јакнење на трговските односи на Кина и Европа, јaвува Ројтерс, повикувајќи се на извор кој сакал да остане анонимен.

Како што наведува, се планира и „Airbus“ групацијата во Кина, покраj една постоечка, да отвори уште една фабрика.

Нарачката за која се водат преговори се однесува на моделите „А320“, „А330“ и „А350“, а се очекува и деблокирање на нарачката на 27 авиони „А330“, која властите во Пекинг неодамна ја замрзнаа поради спорот со Европската унија во врска со прашањето за животната средина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП