28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Telekom најави скратување на 4.900 работни места

Deutsche Telekom најави скратување на 4.900 работни места

T-Systems Logo

Германскиот телекомуникациски гигант „Deutsche Telekom“ ќе скрати 4.900 работни места во Германија во наредните две години, и тоа во својот „IT“ сервис „T-systems“.

Како што пренесуваат медиумите, оваа година компанијата во таа филијала ќе избрише 2.700 работни места, а во наредната 2.200.

Економскиот магазин „Handelsblatt“ уште во декември месец пишуваше за отпуштањето на меѓу четири и шест илјади работници во рамките за највениот план на реструктуирање.

Портпаролот на компанијата прецизираше дека од најавените 4.900 веќе 900 работници останеле без работа , а што се однесува до останатите, отпуштањата ќе бидат во согласност на преговорите со репрезентативните синдикати.

Секторот „T-systems“, во кој работат околу 50.000 луѓе ширум светот, е соочен со силна конкуренција и веќе со години се бори да оствари профит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП