8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочеток на проект „Зголемување на транспарентноста и отчетноста преку буџетирање по перформанси“на...

Почеток на проект „Зголемување на транспарентноста и отчетноста преку буџетирање по перформанси“на ЦЕА и ИДСЦС

logo_vector

Центарот за економски анализи (ЦЕА) и Институтот за демократија “Социетас Цивилис”- Скопје (ИДСЦС) започнува со имплементација на проектот Зголемување на транспарентноста и отчетноста преку буџетирање по перформанси“. Целта на проектот е да промовира транспарентност на националниот буџет за да има отчетност во трошењето на јавните финансии. Проектот ќе работи на зајакнување на капацитетот на буџетските корисници да можат да имплементираат буџетирање по перформанси и на зголемување на јавната свест за потребите од одговорното и транспарентно искористување на јавните финансии. Како дел од овој проект ЦЕА и ИДСЦС ќе подготват извештаи, насоки и студии кои ќе им користат на Владата, државните, јавните институции и воопшто на сите буџетските корисници. Во рамките на проектот ќе се изработат:

  • Методологија за мониторинг на транспарентноста и одговорноста на буџетските корисници;
  • Мониторинг извештај за транспарентноста и отчетност на буџетските корисници;
  • Документ за јавна политика за транспарентноста и отчетност на буџетските корисници;
  • Национална работилница за буџетски корисници;
  • Студиска посета на земја од ЕУ искусна во буџетирање по перформанси;
  • Документ за јавна политика за потребите и придобивките од буџетирање по перформанси;
  • Студија на изводливост на процесот на имплементација на буџетирање по перформанси;

Овој проект ќе ги сподели наодите и препораките за подобрување на транспарентноста на буџетот и преку национална конференција на која ќе се води експертска јавна дебата за начините на кои може да се имплементира буџетирање по перформанси.

Проектот ќе трае една година и е финансиран од Европската Унија во рамките на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР). Неговиот буџет изнесува 101.000 евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП