3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБитолчанка доби скутер на инстант лоз Смајли

Битолчанка доби скутер на инстант лоз Смајли

lotarija1

Битолчанката Николина Божиновска со купувањето инстант лоз Смајли во Битолската ДООЕЛ 15, станала добитник на скутер. Досега се доделени 21 скутери, а во игра остануваат уште 14, информираат од Државна лотарија на Македонија.

Среќна играчка која сака да биде анонимна од продажното место Толакс во Скопје купила инстант лозот Детелинка, што и обезбедило добивка вредна 100.000,00 денари.

Првиот милион во Инстант лотаријата Среќни коцки беше освоен на 15 февруари 2014. Среќната грепка беше купена во продажното место Бартон во Тетово. Она што е интересно е дека оваа добивка ја делат тројца другари кои воедно биле и колеги на работа.

Еден од тројцата среќни другари имаше можност за реприза на својата среќна епизода и тоа повторно со Инстант лотаријата Среќни коцки. Ова игра на среќа дефинитивно е неговата среќа, бидејќи покрај партиципацијата со третина од милионот, пред еден месец, сега освои нови 10.000,00 денари.

Државна лотарија на Македонија неодамна ја лансираше играта на среќа во Инстант лотариите, СРЕЌНИ КОЦКИ. Под мотото СВРТИ ЈАМБ ЗА МИЛИОН, оваа игра им овозможува на играчите одлична можност за забава во комбинација со можноста да освоите добивка која веднаш може да си ја однесете дома. Вкупниот фонд на добивки во оваа инстант лотарија е 25.000.000,00 денари, а секој трет лоз е добитен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП