7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Inditex е на очекуваното ниво

Профитот на Inditex е на очекуваното ниво

inditex

Најголемиот дистрибутер на облека „Inditex“, во чија сопственост е брендот „Zara“, минатата година оствари мало зголемување на профитот, кое е во согласност со очекувањата на аналитичарите.

Слабеењето на валутите на бројни пазари надвор од еврозоната и преуредувањето на некои продажни објекти се одрази на резултатите, соопштија од компанијата.

Оваа шпанска групација, која исто така го поседува и брендот „Massimo Dutti“, какo и брендовите за млади „Bershka“ и „Stradivarius“, прецизираше дека во минатата фискална година (завршена на 31. jануари 2014 година) забележала профит од 2,4 милијарди евра, што е раст од еден процент во однос на претходната фискална година, пренесува Ројтерс.

Бруто оперативниот профит (ЕБИТДА) остана непроменет и изнесуваше 3,9 милијарди евра, додека приходите пораснаа за шест проценти, на 16,7 милијарди евра.

Нивото на оперативниот профит и приходите исто така е во согласност со предвидувањата на економските аналитичари.

За 2014-201 година „Inditex“ планира да отвори меѓу 450 и 500 нови продавници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП