28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Oracle помал од очекуваниот

Профитот на Oracle помал од очекуваниот

Oracle34

Мултинационалната компјутерска компанија „Oraсlе“, со седиште во Калифорнија, во третиот квартал од тековната фискална година, забележа раст на приходот и профиот.

Меѓутоа, тој раст е понизок од очекувањата на инвеститорите, што доведе до пад на вредностите на акциите на оваа групација во електронските трансакции.

Во споменатиот период, продажбата на нови софтверски програми и претплатата за пристап на истите преку интернет е зголемена за четири проценти во одност на истиот период од претходната фискална година, се вели во соопштението на компанијата.

Како што се наведува во истото, продажбата на нови програми на „Oraсlе“ инвеститорите внимателно ја следат затоа што генерираат големи маржи, долгорочни договори за одржување и претставуваат важен показател за идниот профит.

За периодот декември-февруари од оваа година, „Oraсlе“ оствари приходи од 9.31 милијарди долари, што е раст од четири проценти на годишно ниво, додека аналитичарите во просек предвидувале 9.36 милијарди долари приход.

Нето профитот изнесуваше 2.56 милијарди долари или за 2.0 проценти повеќе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП